
Во периодот од 15 октомври до 19 ноември, во Англија, ќе се одржи шеснаесеттото Светско првенство во рагби лиг.
Во првиот натпревар, домаќините демонстрираа сила и во потполност ја ,,прегазија” Самоа со 60-6.
На ,,Ст. Џејмс’ Парк” во Њукасл, Англичаните направија серии од 18-6 во првото и од 42-0 во второто полувреме за да стигнат до конечниот резултат.
Единствените поени за Самоа ги постигнаа Изак Таго (34′) со есеј и Стивен Крајхтон со конверзија.
На спротивната страна, Томи Мејкинсон (74′) имаше едно положување и десет прецизни шутеви, а топката во противничката енд-зона ја внесоа уште Џек Велсби (22′), Доминик Јанг (25′, 29′), Калум Воткинс (48′), Херби Фарнворт (64′), Елиот Вајтхед (69′, 70′), Џорџ Вилијамс (76′) и Томас Бурџес (79′).