
Во сто и осмото издание на градското дерби на Хамбург, Ст. Паули славеше над Хамбургер со резултат од 3-0.
За популарните ,,Кицкикерс”, ова беше дваесет и четврта меѓусебна победа, остварен во дванаесеттото коло од германската 2. Бундеслига.
Целиот тек на натпреварот беше променет во дваесет и осмата минута, кога Хамбургер остана со играч помалку, откако црвен картон заработи Бастијан Шонлау.
Во второто полувреме, домаќините трипати ја тресеа мрежата на Даниел Хојер Фернандеш, а стрелци беа Ерик Андерс Смит (61′), Марсел Хартел (74′) и Давид Ото (89′).
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Ст. Паули изби на единаесеттата позиција, а Хамбургер остана на првото место.




