
Во рамките на денешната КХЛ програма, Барис Нур-Султан го надигра Амур Хабаровск со 5-1.
Гостите од Русија се држеа во игра после првата третина, кога резултатот гласеше 1-1, а стрелци беа Никита Михаилис, односно Павел Махановски.
Во продолжение, Барис упати деветнаесет удари кон противничкиот гол, од кои, четири ја затресоа мрежата.
Двапати во листата на стрелците се запиша Ансах Шаихмеденов во интервал од половина минута, а по еднаш реализираа Линден Веј и Јегор Петухов.
Во Источната конференција, Барис скокна на петтото место, а Амур падна на последната позиција.




