
Десеттото коло од шкотскиот Премиершип го отвори дуелот помеѓу Ст. Џонстон и Селтик, кој заврши со 1-2.
Домаќините добро се држеа против фаворитите, но сепак, на полувремето губеа со 0-1 по автоголот на Ендру Консидин (42′).
Во самиот финиш, ,,Светците” успеаја да израмнат со првиот сениорски погодок на новото засилување, Алекс Митчел, во третата минута од продолжение.
До крајот, Селтик ја презеде топката во свој посед и дојде до посакуваните три бода, откако Јоргос Јакумакис (90+6′) ја затресе мрежата на Реми Метјус додека еден од играчите на Ст. Џонстон лежеше на тревата.
На табелата, Селтик го задржа првото место, а Ст. Џонстон остана на деветтата позиција.




