Саутенд Јунајтед успеа да поврзе пет натпревари без пораз, откако во увертирата на четиринаесеттото коло од англиската Национална лига, ремизираше со 1-1 против Дагенам енд Редбриџ.
За Дагенам, ова беше само трето овосезонско реми и прво после два месеци, кое воедно ја прекина низата од три победи без примен гол над денешниот ривал.
На мечот, домаќините поведоа во првото полувреме со голот на Џуниор Мориас (19′), кој е најдобар клупски стрелец со шест погодоци.
На дванаесет минути пред крајот, мрежата на Елиот Џастам ја затресе резервистот од клупата, Калум Пауел (78′), после десет минути поминати на теренот.
На табелата, Дагенам скокна на десеттото, а Саутенд на единаесеттото место, но со натпревар повеќе во однос на останатите екипи.