
Локомотив Јарослављ успеа да се консолидира по лошиот старт на сезоната и дојде до шестата победа на последните осум средби.
Претставниците на Западната конференција, во вториот денешен натпревар, славеа над Сибир Новосибирск со 1-2.
Во првата третина, Сибир поведе со 1-0 со голот на Александер Шаров.
Сепак, во вториот дел, Андреј Сергејев и Максим Шалунов го направија победничкиот пресврт за гостите.
На Западот, Локомотив скокна на третото место, додека Сибир падна на петтата позиција на Истокот.




