
Во увертирата на четвртото коло од новата НФЛ сезона, Мајами Долфинс го запишаа првиот пораз.
Подобра од ,,Делфините” беше екипата на Синсинати Бенгалс, која триумфираше со 27-15 за втората овосезонска победа.
Мечот беше изедначен во првите три четвртини, но во последниот квартал, домаќините славеа, благодарение на серијата од 13-0.
Натпреварот со сигурност ќе имаше поинаков тек, доколку во вториот фрагмент, повреда не доживееше стартниот квотербек на Мајами – Туа Таговаилоа.
Неговото место го зазеде Теди Бриџвотер, кој го заврши натпреварот со 193 освоени јарди од 14/23 прецизни додавања, со еден тачдаун и со еден пресечен пас.
Од поразениот состав, Џејсон Сандерс погоди три и промаши еден филд-гол, тачдаун постигна Чејс Едмондс, а Тајрик Хил имаше 10 фаќања за 160 јарди.
На спротивната страна, стопроцентен беше шутерот Иван МакФерсон, тачдауни постигнаа Џоу Миксон, Ти Хигинс (124 јарди) и Хејден Хурст, две пресечени додавања имаше Вон Бел, а Џоу Бароу уфрли 287 јарди од 20/31 обиди.
И покрај поразот, Мајами (3-1) остана на врвот на Американската конференција, додека Синсинати (2-2) скокна на деветтото место.




