
Пред само пет месеци, во рамките на минатата сезона од англиската Национална лига, Дагенам енд Редбриџ го порази Барнет со 7-3.
Денес, во единаесеттото коло, двете екипи пружија нова голеада во која, фудбалерите од ,,Викторија Роуд” повторно славеа со 5-4.
Во првото полувреме, Барнет поведе со 0-2 преку Ник Кабамба (15′) и преку Шон Шилдс (18′), но до паузата, Џош Вокер (21′) и Мауро Виљете (23′) израмнија на 2-2.
Вокер (60′, 90+3′) се покажа како човек на одлуката во второто полувреме, кога го комплетираше својот хет-трик, а од неговите соиграчи реализираше уште Омар Муса (53′).
На спротивната страна, Кабамба (48′) постигна уште еден гол за водство на својот тим, а четвртиот погодок на гостите беше дело на Џером Окимо (71′).
На табелата, Барнет падна на десеттото место, додека Даг енд Ред скокна на дванаесеттата позиција.



