
Во 168. ,,Вечно дерби”, кое се одигра во рамките на деветтото коло од српската Супер лига, Партизан и Црвена Ѕвезда ремизираа со 1-1.
После првото полувреме, номиналните гости во црвено-белите дресови имаа минимална предност од 0-1 со голот на Осман Букари (27′) со волеј.
Во вториот дел, Партизан успеа да го израмни резултатот, кога Бибрас Натхо (56′) беше прецизен од белата точка.
На табелата, Ѕвезда остана на првото место, додека Партизан ја зазема осмата позиција, но има два натпревари помалку во однос на конкурентите.




