
Во шестото коло од англискиот Чемпионшип, Шефилд Јунајтед испушти шанса да го обезбеди врвот на табелата макар на една недела.
Имено, синоќа, ,,Сечилата” ремизираа против Лутон Таун со 1-1, останаа на првото место, но им дадоа шанса на Вотфорд, на Рединг и на Блекбурн, во случај на победа, да избијат на челото.
На мечот, почетно водство на домаќините од ,,Кенилворт Роуд” им донесе Карлтон Морис (10′) уште на самиот старт.
Сепак, конечниот резултат го постави Оли МекБурни (53′) на зачетокот на второто полувреме со својот прв гол после една година и осум месеци.
За Лутон, ова беше шести поен во сезоната, доволен за седумнаесеттата позиција.




