
Во рамките на седмото коло од босанската Премиер лига беше одиграно градското дерби помеѓу Железничар и Сараево.
Истото, заврши со резултат од 2-2, иако Сараево имаше двојна предност до последните пет минути од регуларниот дел.
Првото полувреме заврши без голови, а највпечатлив момент беше вториот жолт картон на Фране Цирњак (45+3′).
И покрај играчкиот дефицит, Сараево успеа да стекне водство од 0-2 со головите на Иван Икиќ (п. 48′) и на Муса Мухамед (76′).
Сепак, номиналните домаќини успеаја да изборат реми и да задржат бод на ,,Грбавица” во самиот финиш преку Џенан Харачиќ (88′) и преку Самир Бекриќ (90+6′).
На табелата, Сараево го држи второто, а Железничар – петтото место.




