
На тринаесеттата трка од овосезонскиот календар на Мото 3 најбрз беше Јапонецот на ,,Хускварна” – Ајуму Сасаки.
За Сасаки, денешниот триумф во Австрија беше втор во кариерата и воедно втор на последните три натпреварувања.
Јапонецот стартуваше како втор, ама поради двете казни од долг круг на почетокот, падна на дваесет и првото место, но успеа да се врати на челото на средината на трката.
На втората позиција заврши неговиот сонародник, Татсуки Сузуки, а најниското место на пиедесталот го зазеде Шпанецот Давид Муњоз.
Во продолжение, пласманот во првите десет го комплетираа: Дениз Онџу, Серхио Гарсија, Диого Мореира, Изан Гевара, Даниел Холгадо, Џон МекФи и Каито Тоба.




