
Откако Ајуму Сасаки славеше на Мото 3 трката во Австрија, Јапонија се радуваше на победа и во Мото 2 категоријата.
Имено, на тринаесеттата трка во сезоната, Аи Огура ја искористи пол-позицијата и триумфираше по вторпат во својата кариера во конкуренцијата до 250 кубици.
Огура беше прв од самиот старт, но победата му беше ставена во ризик од клупскиот колега, Сомкијат Чантра, кој притискаше сè до целната линија и заврши како втор.
Во борбата за третата позиција, Џејк Диксон излезе како најбрз, оставајќи го зад себе шпанскиот караван – Педро Акоста, Аугусто Фернандез, Арон Канет и Алонсо Лопез.
Во првите десетмина се пласираа уште: Марсел Шротер, Алберт Аренас и Џереми Алкоба.
Со новите 25 поени, Огура го презеде водството во генералниот пласман од Фернандез, а третопласираниот Челестино Виети не ја заврши денешната трка.




