
По третпат во низа на меѓусебните дуели, Виган славеше над Бирмингем, откако во петтото коло од англискиот Чемпионшип беше подобар со 0-1.
Бирмингем стекна играчка предност уште во десеттата минута, кога директен црвен картон за гостите доби Џоу Бенет.
Сепак, домаќините не покажаа доминација и им овозможија на популарните ,,Латикс” да бидат потполно рамноправни ривали.
Накрај, Виган успеа да си замине со трите бодови во својот џеб бидејќи мрежата на Џон Ради ја затресе Нејтан Бродхед (82′) за дебитантскиот погодок во новата средина.
На табелата, Виган изби на четиринаесеттата позиција, спуштајќи го Бирмингем на седумнаесеттото место.




