
Синоќа, на вкупно шестиот меѓусебен натпревар во 2022, Сан Диего Падрес дојдоа до третата победа над Вашингтон Нешоналс.
Падрес, иако важеа за големи фаворити, пред сè поради домашниот терен, победија само со минимални 2-1.
Вашингтон прв го отвори резултатот во вториот ининг, кога хоум-ран постигна Лејн Томас.
Сепак, домаќините на ист начин го возвратија ударот при што, топката на трибините ја однесоа Џош Бел и Хуан Сото.
Во Националната лига, Сан Диего (67-56) го држи шестото место, а Вашингтон (41-81) се наоѓа на самото дно.




