Во рамките на петтото коло од англиската Лиг 1, Флитвуд ремизираше против Дерби Каунти со 0-0.
За двете екипи, ова беше прв меѓусебен дуел во историјата и воедно единствен од денешната третолигашка програма, кој заврши без голови.
Дерби во потполност доминираше во текот на цел натпревар и му дозволи само седум шутеви на својот ривал.
Од друга страна, ,,Овните” имаа дури дваесет и седум удари кон голот на Џеј Линч, но мрежата на Англичанецот остана незатресена.
На табелата, Дерби го зазема осмото место, а Флитвуд се наоѓа на четиринаесеттата позиција.