
Двата фаворити за титулата, а воедно и географски ривали, Нотс Каунти и Честерфилд, ремизираа со 2-2 во четвртото коло на Националната лига.
На мечот, Честерфилд стекна почетно водство од 0-1 преку Лиам Мандевил (16′), а на стартот на второто полувреме, предноста ја удвои Акваси Асанте (55′).
Само осум минути подоцна, резултатот веќе беше изедначен после брзиот ,,кам-бек” на тимот од ,,Медоу Лејн”.
Имено, за Нотс Каунти, двапати во рок од три минути, во листата на стрелците се запиша Мекоули Лонгстаф (60′, 63′), кој воедно стана и втор голгетер во лигата со четири погодоци.
На табелата, Честерфилд го зазема четвртото, а Нотс Каунти – десеттото место.




