
Во увертирата на петтото коло од англискиот Чемпионшип, Норвич го надигра Милвол со резултат од 2-0.
За ,,Лавовите”, ова беше втор овосезонски пораз и прв на тренерот Гери Роует од страна на Норвич на седмиот дуел.
Домаќините беа подобри во текот на речиси целиот натпревар и успеаја да ја зачуваат својата мрежа на лигашки меч за првпат после 10 април.
Херој за ,,Канаринците” беше напаѓачот Џош Сарџент (50′, 75′), кој со своите два гола ги остави трите поени на ,,Кероу Роуд”.
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, двете екипи имаат по седум поени, но поради гол-разликата, Норвич го држи петтото, а Милвол – седмото место.




