Во првиот меч од второто коло на италијанската Серија Б се соочија две екипи, кои се вратија во втората лига после повеќегодишно отсуство.
Имено, на стадионот ,,Сан Никола”, пред 35 377 гледачи, домаќинот Бари ремизираше против Палермо со резултат од 1-1.
Во првото полувреме, Палермо беше за нијанса подобар и поведе со голот на Никола Валенте (37′).
Сепак, вториот дел помина целосно во знакот на домаќинот, кој упати единаесет, а не дозволи ниеден шут.
За ,,Петлите”, израмнувачкиот погодок го постигна Валид Кедира (68′), осумнаесет минути пред директен црвен картон за клубот од Сицилија да добие Иван Маркони (86′).
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Палермо го држи првото, а Бари – деветтото место.