
Синоќа, за првпат во 2022, Синсинати Редс ги поразија Филаделфија Филис, надигрувајќи ги со минимални 1-0.
,,Црвените” дојдоа до само вториот триумф на последните девет средби со последната акција на натпреварот.
Имено, во деветтиот ининг, Алберт Алмора Џуниор освои четири бази по ударот на Хозе Бареро.
И за двете екипи, по осум страјк-аути освоија стартните фрлачи – Ранхер Суарез (Филис) и Ник Лодоло (Редс).
Со новата победа, Синсинати (46-70) скокна на тринаесеттата позиција во Националната лига, додека Филаделфија (65-52) падна на петтото место.




