
Екипата на Свонси, во третото коло од англискиот Чемпионшип, одигра со 2-2 на домашен терен против Милвол.
Велшаните фуриозно влегоа во мечот и после дванаесет минути водеа со 2-0 преку Рајан Менинг (1′) и преку Мајкл Обафеми (12′).
Во продолжение, домаќините ја имаа контролата во свој посед и им дозволија на противниците само еден шут во рамките на голот.
Сепак, ,,Лавовите” изборија реми во судиското продолжение, кога ,,Лебедите” постигнаа два автогола, кои беа дело на Бенџамин Кабанго (90+3′) и на Нејтан Вуд (90+5′).
После натпреварот, Милвол, на табелата, го задржа четвртото место, а Свонси се искачи до дванаесеттата позиција.




