
Во четвртото коло од англискиот Чемпионшип, Блекпул славеше над КОР со минимални 0-1.
За ,,Мандарините”, ова беше вкупно петти триумф над КПР во историјата и прв на гостински терен после 1972.
Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во судиското продолжение на првото полувреме, кога Џош Боулер (45+1′) го совлада Сени Диенг.
Во вториот дел, одличен на гостинскиот гол беше Даниел Гримшоу со вкупно шест успешни интервенции.
На табелата, Блекпул скокна на седмото место, а КПР падна на петнаесеттата позиција.




