
Атланта Брејвс одлично ја започнаа серијата против Њујорк Метс и на првите две средби изборија две победи со вкупна поен-разлика од 18-1.
Имено, на вториот меч, актуелните шампиони славеа со 5-0 и дојдоа до осмиот последователен триумф.
На мечот, домаќините имаа по два поени во четвртиот и во седмиот, односно еден поен во третиот ининг.
По еден хоум-ран постигнаа Роби Гросман и Мет Олсон, а по четири бази освоија Остин Рајли, Роналд Акуња Џуниор и Дансби Свансон.
Исто така, херој за Брејвс беше и стартниот фрлач, Чарли Мортон, кој дозволи само три удари и освои фантастични дванаесет страјк-аути.
На табелата на Националната лига, Атланта (72-46) скокна на третото место, додека Метс (75-42) се втори и покрај двата порази.




