
Во претпоследното коло од регуларната сезона на АФЛ, Сиднеј Свонс ги надиграа Колингвуд Мегпајс со (11.11) 77-50 (7.8).
За Свонс, ова беше шести последователен триумф, кој ја прекина серијата на Мегпајс од единаесет победи за прв пораз после 13 мај.
Домаќините имаа целосна контрола на резултатот од почеток до крај, а со двоцифрена предност се стекнаа уште од првата четвртина.
Кај ,,Страчките”, најефикасни со по седум постигнати поени беа браќата Ник и Џош Даикос, заедно со Еш Џонсон.
Од друга страна, Свонс имаа три двоцифрени фудбалери, односно Ленс ‘Бади’ Френклин (3.2), Ајзак Хини (2.3) и Том Папли (2.1).
На табелата, двете екипи имаат по шеесет поени, но според поен-разликата, Сиднеј е втор, а Колингвуд е петти.




