
На последните осум меѓусебни пресметки, Колорадо Рокис и Аризона Дајамондбекс имаат по четири победи, остварени по наизменичен редослед.
Синоќа, Дајамондбекс триумфираа на гостинскиот ,,Курс Филд” во Денвер со убедливи 0-6, поентирајќи во пет различни ининзи.
Емануел Ривера запиша два хоум-рани за победничкиот состав, еднаш топката на трибините ја однесе Џош Рохас, а по четири бази освоија Хералдо Пердомо, Долтон Варшо и Карсон Кели.
Во Националната лига, Аризона (52-61) го држи десеттото место, односно се наоѓа за една позиција над Колорадо (51-65).




