
Со синоќешната победа од 4-0, Чикаго Кабс дојдоа до стопроцентен учинок против Мајами Марлинс во 2022.
Имено, ,,Младенчињата” ги добија претставниците на Флорида по вторпат во само два дена.
На мечот, домаќините имаа по еден поен во четвртиот и во шестиот, односно два поени во петтиот ининг.
Во листата на поентерите се запишаа Иан Хап, Кристофер Морел, Рафаел Ортега и Пи Џеј Хигинс (хоум-ран).
Во Националната лига, Мајами (48-59) го држи деветтото место, додека Кабс (43-63) се дванаесетти.




