
Петнаесеттото коло од тековната АФЛ сезона е еден вид на симулација на овогодинешниот плејоф со оглед на фактот дека меѓусебно ќе се соочат сите екипи од плејоф-зоната.
Истото беше отворено со дуелот на двата првопласирани тима, Мелбурн Демонс и Бризбејн Лионс, кои ги одмерија силите на ,,Мелбурн Крикет Граунд”.
Имено, на првата позиција на табелата се врати Мелбурн, кој ја прекина низата од три порази и го надигра Бризбејн со конечни (16.21) 117-53 (7.11).
На денешната средба, гостите ја прикажаа својата најслаба овосезонска партија, како во офанзивата (најмал број на постигнати поени), така и во дефанзивата (првпат примени над сто поени).
Иако ,,Лавовите” ја добија првата четвртина со 16-22, со серијата од 42-6 во вториот квартал, актуелните шампиони ја презедоа контролата во свои раце и ја држеа предноста до последниот звук на сирената.
Од поразениот состав, најефикасни поединци беа Митч Робинсон (2.0) и Ерик Хипвуд (2.1).
Од друга страна, кај Демонс, двоцифрени беа пет различни фудбалери, односно Тоби Бедфорд (2.0), Кајзеа Пикет (2.0), Џејмс Хармс (2.1), Џејмс Џордон (2.1) и Бејли Фритч (3.2).




