
Во рамките на синоќешната МЛБ програма, Аризона Дајамондбекс ги поразија Синсинати Редс со 4-5 на гостински терен.
После осум ининзи, Синсинати имаше предност од 3-1, но во последната деветтина, гостите забија четири поени и дојдоа до вториот меѓусебен триумф во низа.
На мечот, хоум-ран за Редс постигна Мет Рејнолдс, а по четири бази освоија Ти Џеј Фридл, Брендон Друри и Томи Фем.
На спротивната страна, топката на трибините ја однесе Павин Смит, а со трчање во листата на поентерите, освен него, се запишаа уште Алек Томас, Гералдо Пердомо и Џош Рохас.
Во Националната лига, Аризона (28-31) го зазема десеттото место, додека Синсинати (20-37) се наоѓа на самото дно.




