
Иако ги загубија првите две средби, Тампа Беј Лајтнинг поврзаа три победи и направија целосен пресврт во полуфиналето на НХЛ.
Во петтиот натпревар, актуелните шампиони ги поразија Њујорк Ренџерс со 1-3 на гостински терен и поведоа со вкупни 3-2 во меѓусебната серија.
На мечот, Ренџерс поведоа со 1-0 преку шестиот овосезонски погодок на Рајан Линдгрен во средината на втората третина.
До крајот, гостите трипати ја затресоа противничката мрежа преку Михаил Сергачјов, Ондреј Палат и Брендон Хагел за конечен триумф.
По последниот звук на сирената, капитенот на Тампа, Стивен Стамкос и првиот пик на драфтот од 2020, Алексис Лафрение, имаа физичка пресметка, која резултираше со дисциплински казни.