
Колорадо Аваланш се првите финалисти на НХЛ, откако во полуфиналето им направија ,,метла” од 4-0 на Едмонтон Оилерс.
За составот од Денвер, ова е прво финале после 2000/01, во кое ќе се соочи со победникот од дуелот помеѓу Тампа Беј Лајтнинг и Њујорк Ренџерс.
Четвртиот натпревар од првата полуфинална серија заврши со резултат од 5-6 во корист на Аваланш после продолжение од неполни две минути.
Заклучно со втората третина, Оилерс водеа со 3-1, но серијата од 4-2 на гостите во третиот период беше заслужна за регуларно реми.
Стрелци за победничкиот состав беа Кејл Макар, Девон Тјус, Габриел Ландеског, Нејтан МекКинон, Мико Рантанен и Артури Лехконен.
На спротивната страна, во листата на голгетерите се запишаа Зек Хајман (х2), Рајан Нуџент-Хопкинс, Конор МекДејвид и Зек Касиан.




