
Актуелниот европски вицешампион, Тапара од Тампере, е новиот национален хокеарски првак на Финска.
Во големото финале, хокеарите на Тапара го надиграа составот на ТПС Турку со вкупни 4-1.
Петтиот дуел од финалната серија помеѓу двете екипи заврши со минимални 1-0 во корист на момците од ,,Нокиа Арена”.
Единствен стрелец на мечот беше Јоона Луото, кој го совлада Андреј Карејев после само триесет и пет секунди игра.
До крајот, гостите упатија шеснаесет шутеви кон противничкиот гол, но сите од нив беа запрени од Кристијан Хелјанко, кој го запиша првиот шут-аут во овосезонскиот плејоф.
За Тапара, ова е единаесетта национална лигашка титула и воедно прва после 2017.




