Најдобрите екипи во македонската суперлига Вардар и Еурофарм Пелистер остварија победи во рамките на шестото коло од плеј-офот. Вардар славеше на гостувањето кај Охрид со 21:28, додека Еурофарм Пелистер со 26:32 го совлада Тиквеш во Кавадарци.
Големото дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра в недела на 1. мај во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Во останатите два дуели Бутел го пречекува на Охрид, додека Еурофарм Пелистер 2 игра дома со Тиквеш.
