
Милвоки Бакс обезбедија полуфинале на Истокот против Бостон Селтикс, откако во првата фаза од плејофот ги елиминираа Чикаго Булс со вкупни 4-1.
Во петтиот меѓусебен натпревар, актуелните шампиони го искористија домашниот терен и славеа со 116-100.
Во текот на мечот, предноста непрестано беше на страната на составот од Висконсин, кој имаше двоцифрена разлика уште од првата четвртина.
Кај Чикаго, најефикасен со 23 поени беше Патрик Вилијамс, а Црногорецот Никола Вучевиќ направи дабл-дабл од 19 поени и од 16 скокови.
Од противничкиот табор, дабл-дабл имаше Боби Портис (14 кошеви и 17 скокови), а најрасположен во офанзивата беше Јанис Антетокумбо со 33 поентирања.




