Струга одигра нерешено 27:27 на гостувањето против Скопје, иако губеше и со шест разлика на десет минути до крај. Во текот на целиот натпревар имаше многу спорни судиски одлуки во корист на домаќините, но и тоа не ги спречи стружани да стигнат до голем бод.
Најефикасен во составот на Скопје беше Александар Василевски со 7 гола, додека кај Струга се истакнаа Владан Кастратовиќ со 8 гола и Жарко Барјактаревиќ со 6 погодоци. На голот блескаше младиот Печурица кој бранеше одлично.
