
Милвоки Бакс итаат кон одбрана на титулата на НБА и во осминафиналето водат со 2-1 против Чикаго Булс.
Синоќа, во третиот меч од оваа серија, актуелните шампиони триумфираа со убедливи 81-111 и им го нанесоа на Булс најтешкиот плејоф пораз во историјата на франшизата на домашен терен.
Бакс завршија голем дел од работата уште во првата четвртина со серијата од 26-9.
Од победничките редови, дабл-дабл постигна Боби Портис (18 поени и 16 скокови), уште 18 поени додаде Јанис Антетокумбо, а најрасположен во офанзивата беше Грејсон Ален со 22 кошеви.
На спротивната страна, најефикасни поединци беа Никола Вучевиќ со 19, односно Зек ЛаВин со 15 поентирања.




