Колумбус Блу Џекетс го запишаа четвртиот врзан пораз, откако синоќа беа поразени со 1-2 од Отава Сенаторс после пенали.
На мечот, домаќините поведоа во првата третина преку јубилејниот дваесетти овосезонски погодок на Џек Рословик.
Во третиот период, гостите од Канада израмнија, благодарение на Брејди Ткачак, а единствен прецизен хокеар во пенал-серијата беше Тим Штутцле.
Помеѓу стативите на победничкиот состав стоеше Филип Густавсон, кој одбрани 33/34 противнички шутеви (97,06%).
Во Источната конференција, Колумбус го зазема десеттото, а Отава – тринаесеттото место, при што и двете екипи немаат шанси за плејоф.