
Филаделфија 76ерс поведоа со вкупни 2-0 против Торонто Рапторс во првата фаза од плејофот на НБА, откако синоќа славеа со 112-97.
Торонто го започна мечот со серија од 11-2, но кон крајот на првото полувреме, Филаделфија ја презеде контролата во свои раце.
Од победничките редови, дабл-дабл направија Џоел Ембиид (31 поен и 11 асистенции) и Тобијас Херис (20 кошеви и 10 скокови), а втор стрелец со 23 поени беше Тајрис Макси.
На спротивната страна, две двоцифрени статистики имаше Паскал Сијакам (20 поентирања и 10 фатени топки), а најефикасен беше О Џи Ануноби со 26 поени.




