
Со синоќешната победа од 2-3 над Колорадо Аваланш, Вашингтон Капиталс обезбедија учество во плејофот на НХЛ.
На мечот, победниците поведоа во три наврати со по еден гол во секоја третина.
Стрелци за составот од главниот град на САД беа Гарнет Хатавеј, Александер Овечкин и Маркус Јохансон.
На спротивната страна, во два наврати израмнија Валери Ничушкин и Артури Лехконен.
Во Западната конференција, Колорадо го обезбеди првото место, додека Вашингтон ја загарантира најмалку осмата позиција на Истокот.




