
Колорадо Аваланш поставија два рекорди на франшизата во една вечер, кои се однесуваат за најмногу триумфи (53) и за најмногу славја на домашен терен (29) во една сезона.
Рекордната победа, претставниците на Денвер ја остварија против ЛА Кингс, триумфирајќи со високи 9-3.
Во првата третина, домаќините стекнаа предност од 4-0, по што следуваше преполовување на заостатокот од страна на ,,Кралевите”.
Сепак, со нова серија, Колорадо поведе со 9-2, а на пет минути пред крајот, гостите дојдоа до трет почесен погодок.
Хет-трик за Аваланш постигна Нејтан МекКинон, два гола дадоа Валери Ничушкин и Никола Обе-Кубел, а по еднаш реализираа Андре Бураковски и Кејл Макар.
На спротивната страна, во листата на стрелците се запишаа Адријан Кемпе, Алекс Ијафало и Филип Дано.
Во Западната конференција, Колорадо се наоѓа на самиот врв, додека Кингс ја заземаат осмата позиција.




