Атланта Хокс ја завршија сезоната на Шарлот Хорнетс, поразувајќи ги со 132-103 во првата рунда од плеј-ин фазата.
Хорнетс добро се држеа во првото полувреме, но потполно беа надиграни во третата четвртина, која им припадна на домаќините со 42-24.
Од составот на Атланта, дабл-дабл постигнаа двајца кошаркари – Тре Јанг (24 поени и 11 асистенции) и Клинт Капела (15 поени и 17 скокови).
На спротивната страна, најрасположени во нападот беа ЛаМело Бол и Тери Розиер со 26, односно со 21 поентирање.
Во финалната фаза од плеј-инот, Атланта ќе ги одмери силите со Кливленд Кавалирс за влез во плејофот.