
По двата почетни порази, Оукленд Атлетикс ја запишаа првата победа во новата МЛБ сезона.
Имено, синоќа, на ,,Ситизенс Банк Парк”, претставниците на Калифорнија триумфираа со 1-4 над Филаделфија Филис.
Во завршните четири ининзи, победничкиот тим ги постигна сите четири поени, притоа допуштајќи им еден ран на своите противници.
Единствен поентер за поразениот состав беше Џин Сегура, кој ја однесе топката на трибините во последната деветтина.
На спротивната страна, хоум-ран постигна Били МекКини, а по четири бази освоија Елвис Андрус, Остин Ален и Кристијан Паче.




