Осумдесет и шестото издание на Мастерс турнамент беше првиот од вкупните четири грен-слеми во голф во 2022 година.
Истото заврши со победа на Американецот Скоти Шефлер, кој триумфираше за првпат на најпрестижните натпреварувања.
Шефлер ги заврши четирите рунди во Аугуста (Џорџија) со вкупен учинок од (-10) што беше доволно за убедливо славје.
На второто место, со (-7) поени се пласираше Рори МекИлрој, а третата позиција ја поделија Шејн Лаури (-5) и Камерон Смит (-5).
Во продолжение, во ,,минус” беа уште само пет голфери, односно Колин Морикава (-4), Кори Конерс (-3), Вил Залаторис (-3), Сунгџае Им (-1) и Џастин Томас (-1).