
На првиот меѓусебен дуел во 2022, Далас Маверикс ги совладаа Милвоки Бакс на гостински терен со 112-118.
Во текот на цел натпревар владееше резултатската неизвесност, а претставниците на Тексас дојдоа до конечен триумф со одличниот финиш.
Од победничките редови, убедливо најефикасен беше Лука Дончиќ со дабл-дабл од 32 кошеви и од 15 асистенции, а втор стрелец беше Двајт Пауел (22 поени и 13 скокови).
Кај Бакс, Јанис Антетокумбо (28 поени и 10 скокови) имаше две двоцифрени статистики, а уште 20 кошеви уфрли Џру Холидеј.
Во Западната конференција, Далас (49-30) го држи четвртото место, додека Милвоки (48-30) е трет на Истокот.




