
Во третото коло од новата НРЛ сезона, Саут Сиднеј Рабитохс го запишаа првиот овосезонски триумф.
Имено, ,,Зајаците”, по четврт пат во низа на меѓусебните дуели, беа подобри во градското дерби од Сиднеј Рустерс, славејќи со 28-16.
Рабитохс го отворија мечот со серија од 12-0, но на стартот на второто полувреме, номиналните гости стигнаа до израмнување.
Рагбистите во зелени дресови дојдоа до триумф со втората серија на мечот, овој пат од 16-7, спроведена од 45. до 73. минута.
За победничкиот состав, Латрел Митчел погоди 4/5 конверзии и постигна еден есеј (66′), а во листата на поентерите се запишаа уште: Камерон Мареј (8′), Алекс Џонстон (20′), Коди Вокер (44′) и Кион Колоаматанги (63′).
Од противничкиот табор, задолжен за конверзиите беше Сем Вокер (2/3), а по едно положување имаа Џејмс Тедеско (24′), Џозеф Ману (40′) и Даниел Тупу (71′).
После првите три кола и двете екипи имаат по една победа и по два порази што е доволно за седмото, односно за дванаесеттото место на табелата, кога ќе се земе предвид поен-разликата.




