понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Канатларовски: Тимскиот дух е нашиот најголем квалитет

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
март 24, 2022
📁 Фудбал
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Репрезентацијата на Македонија до 21 година вчера ги продолжи подготовките во Белград, во пресрет на дуелот од 7. коло во групата Х, во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија.Избраниците на селекторот Драги Канатларовски, денеска на стадионот на ФК Вождовац го имаа официјалниот тренинг пред утрешниот квалификациски меч.

Нашите млади фудбалери имаат голем ентузијазам, одлично ги одработуваат задачите поставени од селекторот Драги Канатларовски, подготвени се за предизвикот и пресметката со Србија.

Селекторот на младата  репрезентација на Македонија до 21 година, Драги Канатларовски е полн со комплименти за противникот и нивниот нов селектор, Горан Стевановиќ.

„ Пред се сакам да испратам честитки на раководството на Србија, за ангажанот на Горан Стевановиќ како нов селектор на репрезентацијата. Горан пред се е мој многу добар пријател, кој беше извонреден и феноменален фудбалер, а моментално е одличен тренер и прекрасна личност. Му посакувам се најдобро. Противникот го почитувам многу, имаат промени во составот и стручниот тим во споредба со средбата во Охрид, но секако поседуваат голем индивидуален потенцијал. Запознаен сум добро со нивните квалитети, селекцијата е составена од фудбалери кои поседуваат огромен индивидуален квалитет. Имаме јасна цел, многу добро знаеме како треба да одиграме, верувам во квалитетот на моите фудбалери, сакам да го пофалам нивното залагање на тренинзите и огромната желба за добар настап и позитивен резултат на претстојната средба. Нашата предност е во тоа што одлично функционираме како тим. Тимскиот дух што го поседуваме може да биде и одлучувачки фактор на утрешната средба. Верувам дека ќе постои огромен мотив за докажување кај двете селекции. Ќе излеземе на терен со јасна цел, да одиграме добро, квалитетно и фокусирано во текот на сите 90 минути. Не смееме да му оставиме многу простор на противникот да се разигра, нека победи подобриот”

Денес нашите млади фудбалери играат против Србија во Белград со почеток од 17:00 часот, а на 29. март, на стадионот „Тодор Проески” од 18:00 часот ја пречекуваме селекцијата на Фарски Острови.

ShareTweet
Претходна вест

Димитриевски: За целата репрезентација ова е веројатно најважниот натпревар

Следна вест

(ВИДЕО) Далас го доби дербито на Тексас и покрај отсуството на Дончиќ

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ
Фудбал

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!
Фудбал

Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2026
Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!
Фудбал

Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2026
СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!
Фудбал

СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Авг/2026
Следна вест
(ВИДЕО) Далас го доби дербито на Тексас и покрај отсуството на Дончиќ

(ВИДЕО) Далас го доби дербито на Тексас и покрај отсуството на Дончиќ

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.