
Во третото овогодишно дерби на Тексас, Далас Маверикс ја запишаа третата победа, совладувајќи ги Хјустон Рокетс со 110-91.
После неизвесната прва и втора четвртина, следуваше второто полувреме, кое Маверикс го добија со 58-38 и дојдоа до конечен триумф.
Кај победничкиот состав недостасуваше Лука Дончиќ поради блага повреда на глуждот, а најефикасни беа Џејлен Брансон (28 поени) и Спенсер Динвиди (26 поени).
Од редовите на Рокетс, дабл-дабл запишаа двајца кошаркари, односно Алперен Шенѓун (14 кошеви и 11 скокови) и Кристијан Вуд (12 поени и 10 скокови).
Во Западната конференција, Далас (45-28) го дели четвртото место со Јута Џез, а Хјустон (18-55) го зазема самото дно.