
ЦСКА Москва стекна вкупна предност од 2-0 против градскиот ривал, Динамо Москва, откако во вториот меч од четвртфиналната фаза славеше со 4-2.
Во текот на првите две третини, ЦСКА поведуваше двапати, а ,,Сините” во два наврати успеаја да дојдат до израмнување преку Станислав Галиев и преку Артјом Фјодоров.
Сепак, до крајот, номиналните домаќини уште двапати ја затресоа мрежата на Иван Бочаров за поставување на конечниот резултат.
Стрелци за победничкиот состав беа Витали Абрамов, Михаил Григоренко, Владислав Каменев и Александер Попов.




