
Поради разните рестриктивни мерки, во сезоната 2021/22 од Светскиот куп во алпско скијање се одржа само еден мешан тимски настан.
Имено, на финалето во Мерибел (Франција), до неочекуван триумф дојде Швајцарија, која настапи со четири резервни скијачи: Делфин Дарбеле, Андреа Еленбергер, Фадри Јанутин и Ливио Симоне.
На втората позиција се пласираше составот на Австрија, односно Штефан Бренштајнер, Патрик Фојрштајн, Рикарда Хаасер и Катарина Трупе.
До бронза дојде Германија, која исто како и Швајцарија, имаше три резервни претставници во своите редови: Лена Дир, Фабијан Гратц, Антонија Кермер и Јулијан Раухфус.
Поразена репрезентација во малото финале беше Норвешка, а во четвртфиналето отпаднаа Франција, Словенија, Италија и Канада.




