
На првите две трки од финалето на Светскиот куп во алпско скијање во Куршевел (Франција), Винсент Крихмајер запиша две победи.
Австриецот (1:09,43) беше најбрз на денешниот супервелеслалом, откако вчера го освои и последниот спуст.
Зад Крихмајер, на второто место заврши новиот шампион, Марко Одермат (+0,53), а првиот подиум во сезоната го освои Џино Кавиецел (+0,75).
Новиот првак и освојувач на малиот кристален глобус во супервелеслалом, Александер Омодт Килде (+0,88), беше четврт и воедно последен со заостаток под една секунда.
Во продолжение, во првите десетмина се најдоа уште: Џејмс Крофорд (+1,02), Матје Баје (+1,28), Рајан Кохран-Сигл (+1,36), Алексис Пантуро (+1,62), Жистин Муризие (+1,66) и Беат Фојц (+1,83).




