
Во вториот меч од новата АФЛ сезона, Карлтон Блус ја запишаа првата победа над Ричмонд Тигерс после 2013, откако ги надиграа со (14.17) 101-76 (11.10).
Натпреварот беше неизвесен со блага предност во однос на Ричмонд во првите три четвртини.
Сепак, во последниот квартал, Блус направија неверојатна серија од 47-7 за да стигнат до конечен триумф и победнички да започна сезона за првпат после 2012.
Од победничките редови, седум поени имаше Кори Дардин (1.1), а два гола постигна Патрик Крипс (2.0).
На спротивната страна, напаѓачот Том Линч (1.1) беше втор стрелец, а најефикасен на теренот беше Шеј Болтон (2.2) со четиринаесет поени.
На првиот натпревар, во репризата на минатогодишното финале, Мелбурн Демонс ги совладаа Вестерн Булдогс со (14.13) 97-71 (11.5).